Заминувањето на Мораеш во таборот на Веспрем е пред реализација, па раководството на Вардар ја стартуваше потрагата по нов пикер што од наредната сезона би го наследил Бразилецот во црвено-црниот дрес. Прв избор беше Сипжак, кој експресно ги одби „вардарци“, па сега вниманието се врти кон ракометарот што одигра одлично на Мундијалот во Германија и Данска, Јусеф Бен Али.
Станува збор за туниски ракометар кој веќе неколку сезони настапува за репрезентацијата на Катар. Тој беше еден од најзабежителните во таборот на азискиот првак на СП 2019, а најдобра потврда за добрите игри е фактот дека со 45 постигнати гола е најдобар стрелец на овој светски шампионат.
Бен Али е дел од францускиот второлигаш Шартр, но предизвикот да се биде дел од Лигата на шампионите сигурно ќе биде еден од главните адути на Вардар во преговорите за ангажман на овој 197 сантиметри висок ракометар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА