Веспрем му одржа лекција по ракомет на Вардар, понижувајќи ги „црвено-црните“ среде Скопје како никој во последните десетина години.
Јасно беше дека унгарскиот гигант е фаворит, а дека шансите на Вардар за четвртфинале се минимални. Сепак, повеќе од резултатот боли играта и пристапот на „вардарци“, кои одиграа без срце и душа, нешто по што македонскиот првак беше препознатлив со години наназад.
Без енергија во нападот, без агресивност во одбраната, против Веспрем нема што да се бара. А Вардар на овој меч само уште еднаш покажа колку е далеку елитата на ракометна Европа за „црвено-црните“, кои имаат две круни од последните пет сезони во ЛШ, но сега тонат во просечноста на елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА