Екипата на Вардар ја оправда фаворитската улога и славеше лесно на гостувањето во Радовиш со 16-29. Со тоа „црвено-црните“ дојдоа до втората победа во првенството.
Вардрци по првиот дел имаа пет гола позитива, а во вториот дел доминатно го завршија мечот.
Радовиш парираше само до средината на првото полувреме, а потоа Вардар ја покажа својата сила и се избори за мирен финиш.
Маргели блескаше и постигна 14 голови за Вардар, односно нешто помалку од пола кои ги постигна неговиот тим на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА