Вардар без навивачи на клучните две средби оваа сезона

Ракометарите на Вардар ќе го немаат својот главен адут – публиката, за претстојните два натпревари кои се од исклучителна важност за „црвено-црните“ во СЕХА-лигата и во Лигата на шапмионите.

„Вардарци“ на 15 март ќе го пречекаат Нексе во реваншот од четвртфиналето во СЕХА, за 22 март во Скопје ќе бидат домаќини на Пик Сегед, но на трибините од „Јане Сандански“ нема да смее да има публика по најновите препораки за спречување на ширење на коронавирусот.

Комисијата за заразни болести веќе испрати допис до Владата на РСМ, барајќи сите спортски настани во наредниот период да се одвиваат без присуство на публика, додека сите останати масовни собири на отворено и затворено да бидат забранети.

„Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на РСМ, а спортските настани да се одвиваат без публика“ – се вели во препораката од Комисијата за заразни болести доставена до Владата на РСМ.

Вардар на последниот меч од групната фаза во ЛШ го пречека Монпелје со публика на трибините и покрај препораките овие спортски настани да бидат играни без навивачи. Сепак, разликата е што тогаш стануваше збор за препорака, а сега има конкретна одлука за забрана на публика.

Се вчитува...