Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар вечерва ќе му гостуваат на Порто во натпревар од 4. коло од второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
По поразот во Скопје, Вардар се соочи со големи промени, откако реши да се раздели со тренерот Владо Недановски. „Црвено-црните“ на мечот во Порто ќе бидат предводени од легендата на клубот, Стојанче Стоилов во исчекување на новото име на тренерската позиција.
Вардар на денешниот меч мора да победи, бидејќи со пораз шансите за пласман во втората фаза ќе ги сведе на минимум. Натпреварот меѓу Порто и Вардар е закажан со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА