Вардар без никаков проблем го реши вториот тим на Е. Пелистер

Ракометарите на Вардар сосема очекувано лесно славеа со 19-34 против вториот тим на Е. Пелистер во второто коло од Суперлигата на Македонија.

Уште од самиот почеток на мечот беше јасно кој е кој на теренот, па „вардарци“ првото полувреме го решија во своја корист со 7-18.

Во второто полувреме се продолжи во ист стил, и покрај желбата на домашните да се доближат резултатски, па на крај се заокружи со 15 гола разлика за „црвено-црните“.

Најефикасен во победничкиот тим беше Боно со шест гола б, а по четири гола постигнаа Георгиевски, Ќосевски, Атанасовски и Хориха. На спротивната страна Белистојановски заврши со 6 гола.

Се вчитува...