Вардар ја продолжи победничката серија. Во градското дерби го совладаа тимот на Работнички лесно и убедливо со 3-0. Со два гола во првиот дел и еден во вториот, „црвено-црните“ стигнаа до победата број 15 во ПМФЛ.
Уште во 8. минута „црвено-црните“ по една одлична акција и асистенција на Омерагиќ, Закариќ успеа да погоди во мрежата на „романтичарите“.
Во 16. минута на 2-0 зголеми Омерагиќ. Од изведен аут од десната страна и грешка на голманот на Работнички, Омерагиќ се снајде најдобро и успеа да го зголеми водството.
Цветковиќ на стартот од вториот дел со прекрасен гол ги постави конечните 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

