Вардар без проблеми до триумф над Пролет

Вардар немаше поголеми потешкотии да стигна до нова победа во Супер-лигата, победувајќи го Тинекс Пролет на свој терен со 38-22 во рамките од 21. коло.

„Црвено-црните“ уште од самиот старт диктираа, брзо се одлепија до достојна разлика, и само ја зголемуваа до крајот на мечот.

Франциско Да Силва со осум голови беше најефикасен, додека Маричинијак и Лазаревски постигнаа по пет голови. Кај гостите најефикасен беше Андреј Стојановски кој постигна осум голови.

Се вчитува...