Вардар без проблеми против Бутел

Двократниот европски шампион Вардар забележа нова победа во плеј-офот во Суперлигата откако вечерва во меч од 7. коло славеше против Бутел со 37-30.

Ракометарите на Бутел му парираа на Вардар само во првата половина од првиот дел, а откако „црвено-црните“ влегоа во ритам до крајот на првите 30 минути стигнаа до големи плус осум 21-13.

Во вториот дел вардарци само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 37-30.  Дмитро Хориха со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Дамјан Субашевски постигна шест гола.

Се вчитува...