Вардар без проблеми против Струга

Двократниот европски шампион Вардар останува перфектен на стартот на новата сезона во домашниот шампионат, откако вечерва во меч од 12. коло од Суперлигата славеше во „Јане Сандански“ против Струга со убедливи 36-21.

„Црвено-црните“ фуриозно го почнаа натпреварот и веќе на пауза меѓу двете полувремиња имаа сигурна предност од 16-9. Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 36-21.

Вардарци веќе во вторник ги очекува нов меч против шведскиот Кристијанштад во Лигата на Европа, откако пред само три дена во трилер дуел загубија на гостувањето со само еден гол разлика.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...