Двократниот европски шампион Вардар стигна до нов триумф во домашниот шампионат откако вечерва во премиерниот меч од 5. коло во Суперлигата славеше над својот истоименик од Неготино со 35-19.
Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе по пет минути игра имаа предност од 4-1. До крајот на првиот дел разликата само се зголемуваше, а на пауза „црвено-црните“ заминаа со предност од 17-9.
Во вториот дел скопскиот тим само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечни 35-19. Матија Николиќ и Ален Ќосевски со по шест гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените залудни беа 9 гола на Лазар Адамовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА