Вардар без проблеми против Тиквеш

Ракометарите на Вардар забележаа нова победа во домашниот шампионат откако во мечот од претпоследното 9. коло од плеј-офот од Суперлигата славеа на гостувањето кај Тиквеш со 22-32.

Гостите тргнаа фуриозно уште од самиот старт на мечот во салата „Јасмин“ во Кавадарци, па веќе на пауза имаа удобни плус шест 9-15.

Во вториот дел избраниците на Милано само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 22-32.

Хансер Родригез со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кристијан Анастасовски заврши со шест гола.

Во сабота е клучниот натпревар во сезоната кога Вардар во директна борба за титулата на домашен терен ќе го пречека Е. Пелистер.

Се вчитува...