По воведниот пораз во дербито на македонскиот ракомет од Еурофарм Пелистер, двокраниот европски првак Вардар ја забележа првата победа во плеј-офот од Суперлигата, откако вечерва во 2. коло на домашен терен славеше над Пролет со убедливи 32-18.
Гостите од скопската населба Пролет успеаја да бидат речиси во егал со големиот фаворит до средината на првото полувреме кога имаа негатива од само два погодоци (11-9). Избраниците на Владо Недановски до крајот на првиот дел уфрлија во повисока брзина па веќе на пауза ги разрешија сите дилеми околу победникот (17-11).
Во вториот дел „црвено-црните“ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 32-18. Во дуелот против својот поранешен клуб Томислав Јагуриновски беше најпрецизен со шест гола кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Филип Арсеновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА