Вардар ќе биде значително ослабен за вечерашниот натпревар против Порто откако Кристијан Дисингер отпадна од комбинација за настап по повредата што ја заработи на последниот меч со Фленсбург. Лекарскиот тим се обиде да го оспособи Германецот за настап, но трката со времето беше загубена, па тој нема да може да помогне во пресметката со португалскиот првак.
Германскиот интернационалец вообичаено е прва опција на лев бек, а неговото отсуство би требало да значи поголема минутажа за Филип Талески, како и Јотиќ, кој подеднакво добро се снаоѓа како лев и како среден бек.
Алушовски за овој натпревар на располагање ќе го нема ниту Јагуриновски, кој уште пред дуелот со Фленсбург беше позитивен на Covid-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА