Екипата на Вардар со целиот плен се враќа од гостувањето во Автокоманда кај вицепрвакот Алкалоид со 23-27. Избраниците на Владо Недановски успеаја да дојдат до победата благодарение на одличната игра во првиот дел, во кој ја направија предноста, а во вториот дел со мали проблеми успеаја да ја одбранат предноста, и да дојдат до голем триумф.
Алкалоид почна со предност, а потоа се играше гол за гол. Клучната предност беше направена некаде во втората половина од првиот дел, кога Вардар направи серија од 0-5 (од 6-7 на 6-12), а потоа уште една серија од 0-3 за 7-14, и уште од тука „црвено-црните“ избегаа и не можеа да бидат стигнати. На полувремето резултaтот беше 8:16.
На стартот на вториот дел Вардар стигна и до највисоките +9, а потоа Алкалоид се обиде да се врати. Во еден миг стигна до четири гола негатива (20-24), меѓутоа гостите секогаш наоѓаа како да се одлепат одново, и на крајот да дојдат до победата. На крајот и мало опуштање, Алкалоид успеа да се избори за пристоен пораз.
Најефикасен на средбата беше Серафимов со осум голови од екипата на Алкалоид, од кои седум од пенал, додека Срдановиќ кај Вардар постигна седум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА