Вардар и тоа како е желен и за директен опстанок во Првата македонска фудбалска лига. А, низ таа желба, црвено-црните денеска атакуваат на победа на гостувањето против Силекс во Кратово во претпоследното коло од шампионатот.
И по само 10 минути игра, „вардарци“ имаат предност од 0-1 благодарение на голот на Филип Дурански.
Одлична акција по десната страна, нафрлање на вториот дирек каде Дурански од десеттина метри сместува под гредата од домашниот гол.
На Вардар секако ќе му биде потребен и пораз на АП Берара на гостувањето против Шкупи во Чаир, ако сака во последното коло да се надева и на директен опстанок во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА