Бурните денови во Вардар кој траат од последните месеци во 2024 продолжуваат и на стартот од 2025 година. „Црвено-црните“ на официјалната страница на фејсбук, која со години беше главен информатор за случувањата во клубот, вчера објавија дека е потпишан договор со Едиз Спахиу како најново засилување на овој клуб.
Изненадувачки, денеска стигна демант од управата на клубот, која обелодени дека се уште нема договор со овој фудбалер, за кого приоритет во моментов е наоѓање на ангажман во странство.
„АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали а преземена од неофицијални фејсбук фан страници. Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство.
Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година. Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна, официјалното гласило на ФК Вардар АД, се вели во соопштението објавено на fcvardar.com.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА