Вардар и Беса денеска од 16 часот на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ го отвораат 29.коло во Првата македонска фудбалска лига.
„Вардарци“ посакуваат продолжување на низата без пораз оваа пролет, па и против Беса да заокружат серија од 13 едноподруго меча без пораз.
Но, свесни се во црвено-црниот табор и дека Беса силно ќе атакува на бодовите кои им се неопходни по битката за бодови. Претходно двете екипи веќе се сретнаа оваа пролет, на националната Арена „Тодор Проески“, во мечот кој заврши без голови.
Четири натпревари од 29. коло во ПМФЛ се играат утре, а дуелот меѓу АП Брера и Воска се игра во понеделник.
ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ВАРДАР – БЕСА
УТРЕ (27. април, 16 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Скопје: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
ПОНЕДЕЛНИК (28. април, 16 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – ВОСКА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА