Вардар до нова победа во плејофот

Вардар стигна до нова победа во ракометниот плејоф на Македонија, триумфирајќи со  25-22 на дуелот со Еурофарм Пелистер 2. Младите битолчани во првото полувреме добро му парираа на фаворитот, но во вторите 30 минути се покажаа на дело квалитетот и искуството на „црвено-црните“, кои на крајот заслужено прокнижија нови бодови на табелата.

Вардар добро го отвори натпреварот, во неколку наврати во почетните минути имаше по два гола предност, но Пелистер 2 успеа да се врати, па дури за момент и да стигне до предност од 6-7. Следеше нов пресврт и водство на „црвено-црните“ од 13-10 за битолчани со два гола до крајот на полувремето да намалат на 13-12. „Вардарци“ подобро го отворија второто полувреме и набрзина поведоа со 17-13, по што рутински го исконтролираа резултатот и на крајот заслужено славеа со 25-22.

Филип Талески со седум постигнати гола беше најдобар поединец во таборот на Вардар, пет погодоци постигна Гоце Георгиевски, додека најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 беше Павле Петровиќ со пет погодоци.

Се вчитува...