Двократниот европски шампион Вардар ја запиша и втората победа во исто толку натпревари во плеј-офот од ракометната Суперлига на Македонија.
По победата во дербито над Алкалоид, денеска „црвено-црните“ без поголеми проблеми славеа над Бутел со 26-35.
Уште од самиот старт избраниците на Милано тргнаа подобро, па веќе на пауза имаа позитива од четири гола 14-18. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 26-35.
Ашраф Маргели со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 12 погодоци на Филип Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА