Вардар го претрпе и третиот пораз во низа во Лигата на Шампионите откако македонскиот првак вечерва загуби на домашен терен од Кил со резултат 26-29. „Црвено-црните“ имаат за што да жалат особено по одличното прво полувремево кое имаа три гола предност, но не успеаја да го издржат темпото и во вторите 30 минути.
Покрај за Вардар голема штета е и за навивачите кои во голем број го бодреа својот омилен тим и направија неверојатна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА