Вардар добро почна, па застана – Бенфика со 40 голови ги порази „црвено-црните“

Вардар го претрпе вториот пораз во Групата 3 во ЕХФ Европската лига, откако вечерва на гостувањето во Лисабон е поразен од Бенфика со 40-35. Одличниот старт на „црвено-црните“ не донесе подобар резултат од овој натпревар, а португалскиот тим ја искористи слабата партија на „црвено-црните“ во одбраната, за да постигне 40 голови во меч во кој и двата тима одиграа крајно офанзивно, а на крајот поуспешен беше домашниот тим.

Вардар водеше со три разлика 3-6, а предноста од 7-8 беше последната за „црвено-црните“ на овој натпревар. Од тој момент Бенфика го презеде водството, и само го зголемуваше до крајот на мечот.

Во еден момент Бенфика водеше и со девет голови разлика (24-15) пред крајот на полувремето. „Црвено-црните“ иако ја намалија разлика на -5 на почетокот на вториот дел, сепак, во ниту еден момент не ја загрозија победата на португалскиот претставник.

Најефикасен на мечот беше Хориха кој постигна девет гола, Тузолана постигна осум. Кај Бенфика со седум Ваилупов беше најдобар стрелец.

Се вчитува...