Вардар договори тестови и со Хајдук и Локомотив Пловдив

Вардар договори одигрување на уште две пријателски средби за време на подготовките во Анталија. По промената на планот на стручниот штаб договорени се тестови уште и со хрватскиот Хајдук Сплит, како и против бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив.

На 2. февруари останува „тестот“ против Дукла Прага, а следниот ден „вардарци“ ќе ги одмерат силите со сплитски Хајдук. На 5. февруари ќе се игра пријателскиот дуел со Анжи Махачкала од Русија. На 8. февруари „црвено-црните“ ќе ги одмерат силите против бугарскиот тим Локомотив Пловдив, а на 9. февруари серијата на пријателски мечеви се заокружува со Терек Грозни.

Досега Вардар одигра два пријателски натпревари во Анталија, загуби со 1- од Стеауа и ремизираше (1-1) со Амкар Перм.

РАСПОРЕДОТ НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР ДО КРАЈОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ

02.02 – Вардар – Дукла Прага

03.02. – Вардар – Хајдук Сплит

05.02. – Вардар – Анжи Махачкала

08.02. – Вардар – Локомотив Пловдив

09.02. – Вардар – Терек Грозни

Се вчитува...