Вардар доминантно до титула кај јуниорките

Вардар е шампион во женска кошаркарска конкуренција за играчи до 18 години откако „црвено-црните“ денеска во финалето го совладаа тимот на МЗТ Скопје со 64-47.

Како пресуден се покажа супериорниот почеток на „вардарки“, кои отворија со 16 поени во низа, трасирајќи си го патот кон победата. МЗТ успеа да се разбуди, потоа и да игра „егал““ до самиот крај, но почетната предност се покажа сосема доволна за Вардар целосно да го контролира резултатот до самиот крај.

Третото место им припадна на младите кошаркарки на Бадел, кои во мечот за бронзата славеа над Крива Паланка со 80-61.

Кошаркарката на Вардар, Ања Начевска, е прогласена за најкорисна на дводневниот собир во СРЦ „Кале“ во Скопје. Актуелната репрезентативка на Македонија имаше две одлични изданија, како во полуфиналето, така и во оној финален натпревар на турнирот. Во полуфиналето имаше двоен скор од 16.поени и 17.скока, за 29. индексни поени.

Слична игра Начевска повтори и во решавачкиот натпревар за шампионската титула. Оствари нов дабл-дабл, изразен преку реализација на 16 поени, и дури 20 скокови, односно индекс 26, за потврда на индивидуалните квалитети презентирани и во јуниорското финале.

Се вчитува...