Екипата на Вардар продолжи да се засилува за вториот дел од сезоната во која „црвено-црните“ ги очекува борба за опстанок во македонската кошаркарска елита.
„Вардарци“ минатата седмица го ангажираа Амар Хот од Пелистер, а денеска комплетираа уште едно засилување од таборот на актуелниот вицешампион на Македонија. Станува збор за Американецот Џонил Фугет, кој денеска го раскина договорот со Пелистер и потпиша соработка со тимот на Вардар.
Овој кошаркар настапува на плејмејкерската позиција, Фугет пристигна во Битола пред два месеци, но не доби преголема минутажа од тренерот Радуловиќ, па исто како што тоа беше случај и со Хот, побара да замине во клуб каде би имал позначајна улога.
Останува да се види дали новите засилувања ќе бидат доволни за Вардар да се избори за опстанок, па „црвено-црните“ и во следната сезона да бидат дел од Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА