Вардар доцна се разбуди, Шкендија го освои Кавадарци, Силекс му „украде“ бод на Шкупи во Чаир… (ВИДЕО)

Повторно Јашаровски во 32. минута зголеми и на 2-0…

Во второто полувреме, по една мешаница пред голот на гостите повторно Јашаровски најдобро се снајде и во 48. минута зголеми на 3-0.

Вардар доцна се разбуди, па не успеа да дојде до целосен пресврт иако се избори за неизвесна завршница. Најпрво во 83. минута Дарко Глишиќ постигна еврогол од слободен удар за 1-3, а потоа Жоглев во третата минута од судиското продолжение успеа само да го ублажи поразот.


Шкендија триумфираше со 1-2 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци. Тетовци дојдоа до предност благодарение на феноменалната акција во 24. минута од средбата. По извонредно двојно проигрување, Чинари со волеј-удар погоди во горниот агол од голот на домашните за предност од 0-1…

Веќе во 37. минута брз контранапад на Шкендија, а Дашмир Елези го круниса со гол за 0-2.

Сепак, Тиквеш успеа да се врати во игра со погодокот со глава на Даниел Мојсов во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме. Но, тоа беше се што можеа да направат домашните за конечни 1-2. Во вториот дел Шкендија умешно ја одбрани предноста.

Брегалница славеше со 2-1 против Гостивар. Штипјани поведоа благодарение на голот од пенал на Фабрицио Венегас уште во 10. минута од средбата. Истиот играч претходно беше соборен за удар од белата точка.

Одлична акција потоа во 78. минута на Грузиецот Лука Робакидзе и Роналдо Ромарио Вебстер кој мајсторски погоди за 2-0.

Гостиварци со голот на Ремзифаик Селмани во 90. минута само успеаја да го ублажат поразот.

Работнички победи со 1-0 против Македонија ЃП на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари благодарение на прекрасниот гол на Велковски од слободен удар, кој мајсторски погоди за три бода.


Шкупи иако имаше предност против Силекс од 1-0 со голот на Михаил Пинтер директно од слободен удар во самиот финиш од првиот дел, мораше на крај да се задоволи само со конечни 1-1 откако Марко Ѓорѓиевски одлично искористи едно невнимание на домашната одбрана постигнувајќи убав гол за реми на својот тим.



ПРВА ЛИГА – 3. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 2-1
Венегас 10′(п), Роналдо Вебстер 78′ – Селмани 90′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Велкоски 21′
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС 1-1
Михал Пинтер 45′ – Ѓорѓиевски 76′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-2
Мојсов 45′ – Чинари 24′, Елези 37′
Охрид: ВОСКА – ВАРДАР 3-2
Јашаровски 26′, 32′, 48′ – Глишиќ 83′, Жоглев 90’+3
УТРЕ (17 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...