Кошаркарите на Вардар до 18 години го освоија шампионскиот трофеј во јуниорската категорија откако на завршницата која се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во организација на Феникс 2010 во драматично финале славеа против екипата на Водно Санс со 85-77.
Натпреварот го отсликаа неверојатни атракции, а во нив беше решен и противникот. До победа „црвено-црните“ стигнаа во самата завршница откако успеја да направат целосен пресврт на крилјата на Павел Иванов кој беше на врв на својата задача и во нападот и одбраната, забивајќи и блокирајќи на двата дела од теренот.
Иванов натпреварот го заврши со дабл-дабл од 20 поени и 11 скокови проследен со три асистенции и по две украдени топки и блокови освојувјаќи го и признанието за најкорисен играч на турнирот.
Сребрениот медал и припадна на екипата на Водно Санс која беше предводена од Јаничиќ и Кјириловски со по 17 поени, додека во натпреварот за бронзениот медал помеѓу Работнички и Феникс 2010 славеа „црвено-белите“ со 77-65.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

