ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Нема никакви дилеми, Вардар е недопирлив во СЕХА-лигата. Она што беше познато од претходно во изминатите 48 часа само се потврди во Брест, каде „црвено-црните“ продолжија да им делат ракометни лекции на ривалите. Тогаш кога е најважно, кога „се брои“, што би рекол Тимур Дибиров.
Затоа што во текот на сезоната има простор и за калкулации, и за одмор на главните адути за предизвиците во ЛШ. Но кога ќе дојде фајналфот турнирот, тогаш се познаваат јунаците, а „вардарци“ се специјалисти за таквите натпревари.
Впрочем, бројките говорат доволно, пет титули во СЕХА, три од нив во низа… сето тоа се рекордид што во блиска иднина никој не може да ги урне. Напротив, овој Вардар има се што му треба за да ја продолжи доминацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА