Вардар е пресилен, Металург издржа само едно полувреме

Вардар уште еднаш ја потврди својата супериорност во СЕХА-лигата, славејќи во македонското дерби против Металург со резултат 31-24. Разликата во квалитет придонесе пресметките на големите ривали веќе да не се толку неизвесни, но Металург вечерва изненади со беспрекорното издание во првото полувреме. Избраниците на Јовиќ се држеа дури имаа сила, или додека Вардар не заигра „сериозно“ во одбраната, по што шампионите ја демонстрираа сета своја моќ и заслужено стигнаа до својата десетта победа во низа во регионалното натпреварување.

Александар Јовиќ овојпат не се реши за тактика „седум на шест“, со што се чини и малку го изненади Раул Гонзалес, па нападот на Металург функционираше беспрекорно во првото полувреме. Мартин Велковски во првите две минути два пати се ослободи од Борозан и го матираше Штербик за рано водство од 0-2, по што гостите го контролираа резултатот во текот на целото полувреме. Мора да се истакне и фактот дека Штербик својата прва одбрана ја имаше во 18. минута при резултат 17-19, а асот на „вардарци“ до крајот на полувремето остана на само една единствена интервенција. Металург имаше најубедливи 9-13, дури и напад за „плус пет“ што не го искористи, по што Вардар до крајот на полувремето успеа да намали на 12-14.

derbi martin velkovski

На самиот старт на вториот дел веднаш беше очигледен далеку по, со посериозниот пристап на „вардарци“ во одбраната, што придонесе веќе во 38. минута шампионот да стигне и до своето прво водство на натпреварот (17-16, со погодокот на Вуко Борозан). Јовиќ побара тајмаут при водство на противникот од 19-17, но Вардар веќе влезе во својот шампионски ритам со кој ги меле противниците, па во 48. миинута „црвено-црните“ поведоа и со пет гола разлика (23-18). Актуелниот европски првак рутински го приведе мечот до крајот, во игра на двете страни влегоа дел од резервните ракометари, за на крајот мак-дербито во СЕХА да заврши со заслужена победа на Вардар од 31-24.

Тимур Дибиров со десет гола беше главна фигура на овој натпревар, Борозан постигна седум, а Шишкарев пет погодоци за Вардар, додека најефикасни кај Металург беа Гуглета со пет и Пешевски и Јагањац со по четири гола.

Се вчитува...