Кошаркарките на Вардар се првите финалистки на Ф4 турнирот во женскиот куп на Македонија кој се игра во Гевгелија. Тимот од Скопје во првото полуфинале славеше над Крива Паланка со 72-78.
Во текот на сите 40 минути вардарки беа подобар противник од противникот и на крајот заслужено стигнаа до ново финале во клупската историја. Моника Зафировска со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 33 поени на Одри Мекелхени.
Во второто полуфинале од 15.30 часот ќе се сретнат Баскет Кам и Бадел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА