Вардар и Струмица во финалето од одбојкарскиот куп на Македонија

Одбојкарите на Вардар се првиот финалист во Купот на Македонија откако во полуфиналето со 3-2 славеа над екипата на Универзитет во Тетово.

Во драматичен натпревар, првиот сет го освоија тетовци (21-25) а потоа „вардарци“ возвратија со два освоени сета (25-23, 25-20). Четвртиот сет повторно им припадна на Универзитет Тетово (19-25), за да клучниот петти сет Вардар го добие со 18-16 за конечна победа.

Финалето од Купот на Македонија во одбојка се игра во недела, а Вардар ќе се соочи со Струмица која во второто полуфинале славеше против Шкендија убедливо со 3-0 во сетови.

Се вчитува...