Ракометарите на Пролет едно полувреме одлично му парираа на Вардар во рамките од плеј-офот, но квалитетот на актуелниот првак на крајот пресуди, па „црвено-црните“ славеа со убедливи 33-26 против градскиот ривал.
Парондо одмори дел од првотимците кои имаа згуснат репрезентативен распоред, па „вардарци“ денеска настапија со неколку играчи од младинскиот погон во своите редови. Пролет го искористи ова, па со добра игра во нападот во првото полувреме избраниците на Матлиески на одмор заминаа со израмнети 16-16.
Сепак тоа беше се што Пролет успеа да стори, Вардар го отвори второто полувреме со серија од 6-1, а потоа ја зголемуваше предноста се до конечните 33-26.
Мартин Поповски со девет гола беше прв стрелец на Вардар, по пет постигнаа Војводиќ и Чупиќ, а во редовите на Пролет најефикасни беа Џонов со шест и Аларов и Манасков со по пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА