Вардар експрес – за пет минути решен Кристијанштад

Супериорно издание и втора победа за ракометарите на Вардар во вториот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Во премиерниот настап пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“, вардарци славеа против Кристијанштад со 33-25. Со овој триумф Вардар ја продолжи и импресивната серија со седум победи во сите седум меѓусебни дуели со шведскиот првак.

Надмоќно и класа над противникот  делуваа „црвено-црните“ уште од стартот на натпреварот кој го отворија со водство од 6-0 и парктично, уште по првите пет минути ја обезбеди победата на овој меч. На ракометарите на Кристијанштад им требаше време да се соземат од шокот што им го приреди Вардар и дури во шестата минута успеаја да поминат покрај одличната одбрана на вардарци и да го постигнат првиот гол.

Избраниците на Роберто Парондо делуваа беспрекорно во овој дел од натпреварот, и во одбраната и во нападот. Шведскиот противник тешко наоѓаше решение за разновидниот и максимално ефикасен напад на домаќините. За дваесет минути, Вардар веќе стигна до двоцифрена преднсот поведуваќи со 15-5 со мајсторска завршница на Тимур Дибиров.

И на овој дуел, одбраната на Вардар имаше добра поддршка од сигудниот Дејан Милосављев на голот. Српскиот голман маше пет одбрани уште во првите десетина минути од натпреварот кога „црвено-црните“ ја направија разликата. Точка на првиот дел стави Иван Чупиќ со својот шести погодок за предност на Вардар од 19-10.

Во ист ритам Вардар продолжи и во второто полувреме. По пет минути игра во продолжението, вардарци одново беа на двоцифрена дистанца (23-13). Домаќините имаа целосна контрла на играта и мирно рутински.

И на стартот од последната четвртина Вардар одново беше на +10, а малку потоа Игор Карачиќ зголеми и на +11 (29-18) и до крај се беше само рутина. Убедливата предност му остави проостор на Парондо во последните десетина минути да им даде шанса и на помладите играчи од клупа, па шанса да заигра во ЛШ добија и младите македонски репрезентативци, Марко Мишевски и Марко Кизиќ.

Иван Чупиќ постигна седум, Вуко Борозан запиша пет, а Тимур Дибиров додаде четири гола во победата на Вардар. Дејан Милосављев заврши со 10 одбрани. Кај Кристијанштад најефикасен беше Адман Нифјал со пет гола.

Во наредното трето коло во Лигата на шампионите, Вардар на 29 септември му гостува на Веспрем.

Се вчитува...