Ракометарите на Вардар со огромна предност од дуелот против Сесвете во Загреб, заминуваат на полувремето, откако имаат водство од 23-12 по првите 30 минути на мечот од ЕХФ Лигата на Европа. Со тоа „црвено-црните“ се на добар пат да дојдат до петиот триумф во шестиот меч во групната фаза од ова натпреварување.
Уште од самиот старт избраниците на Иван Чупиќ водеа, и како го одминуваше крајот, само ја зголемуваа предноста, за на крајот да стигнат и до највиската предност од 11 разлика.
Јанковски во првиот дел постигна пет голови и беше најефикасен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

