Вардар ги чува талентите – нови договори за Мурџески и за Марковски

Раководството на Вардар постигна договор за тригодишна соработка со големите таленти на „црвено-црните“, Андреј Мурџески и Иво Марковски.

Овие двајца млади играчи потпишаа тригодишни професионани договори и се очекува во новата сезона да му бидат на располагање на тренерот Седлоски.

„ ФК Вардар АД потпиша 3 годишни професионални договори со младите фудбалери Андреј Мурџески и Иво Марковски, пред се поради добро и професионално изработено од нивна страна во сезоната која заврши. Раните почетоци на Мурџески пред да дојде во вардаровото семејство се во ФК Караорман па ФК Македонија Ѓорче Петров, додека Марковски потекнува од школата на ФК Вардар. Во знаењата и вештините на талентираните млади вардарови фудбалери, допрва ќе уживаме“, објавија „црвено-црните“ на официјалната веб-страница.

Се вчитува...