Вардар ги договори „тестовите“ во Анталија: Јаблонец, Мотор Рублин, Ахмат Грозни…

Екипата на Вардар ги договори контролните натпревари на подготовките во Анталија, Турција. Вардаровата експедиција веќе е во турскиот туристички центар, а првата контрола ќе ја одигра веќе утре кога за противник ќе го има тимот на Јаблонец од Чешка.

Втората контрола на Вардар е на 20 јануиари против Андијон од Узбекистан, додека на 23. јануари ќе ги одмери силите со Мотор Лубин од Полска. Динамо Махачкала ќе биде противник на Вардар на 26 јануари, додека „црвнео-црните“ три дена подоцна игра против Ахмат Грозни.

„Генералката“ во Турција ќе биде против ерменски Алашкерт на 2. февруари, по што експедицијата се враќа во Скопје.

ПРИЈАТЕЛСКИТЕ МЕЧЕВИ НА ВАРДАР:

17.01. – Вардар – Јаблонец (Чешка)

20.01. – Вардар – Андијон (Узбекистан)

23.01. – Вардар – Мотор Лублин (Полска)

26.01. – Вардар – Динамо Махачкала (Русија)

29.01. – Вардар – Ахмат (Русија)

02.02. – Вардар – Алашкерт (Ерменија)

Се вчитува...