Раководството на Вардар ги одреди цените за влезниците за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите, на кој „црвено-црните“ очекуваат полна сала и силна поддршка во обид втора година по ред да се пласираат на Ф4 турнирот во Кил.
Цени на билети:
РК Вардар
– А блок – 600 денари
– Централни – 500 денари
– Позади гол – 400 денари
– Стоење – 200 денари
Вообичаено, „вардарци“ даваат можност од 21 март до 5 април навивачите со сезонски билети први да дојдат до билет за четвртрфиналето, по што од 6 април ќе стартува слободната продажба на влезници.
Само за потсетување, македонскиот првак во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од двомечот Кил – ПИК Сегед.
Воедно, РК Вардар информираше и за цените од претстојниот меч од четвртфиналето од ЛШ за жени, во кој „црвено-црните“ ќе го пречекаат данскиот претставник Митјиланд, меч закажан за 14 април.
ЖРК Вардар
-А блок – 300 денари
-Централни – 200 денари
-Позади гол – 150 денари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА