Вардар славеше со 33-21 против Бутел Скопје на контролниот натпревар одигран денеска во Пехчево. Со тоа „црвено-црните“ имаа победнички старт на контролките ова лето, кои ќе бидат како увертира пред почетокот на новото првенство.
Ова беше одлична прилика за тренерот Иван Чупиќ да ја провери формата на новите засилувања и да испроба тактички комбинации пред идниот шампионат. За Вардар поради ситни повреди не настапија Борозан, Еспиња и Пинто.
Следен предизвик за Вардар е турнирот во Охрид. За потсетување дека „црвено-црните“ ја отвораат сезоната со дуелот во Супер-Купот против Е.Пелистер на 3. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

