И најтрофејниот македонски клуб Вардар конечно ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.
„Црвено-црните“ под водство на стратегот Бобан Грнчаров, како што и беше најавено изминатиов викенд, почнаа со тренинзите со се уште недефиниран состав во кој не беа поголемиот дел од носителите на играта во есенскиот дел од првенството.
Вардар на паузата замина како второпласиран веднаш зад Гостивар и е еден од најсериозните кандидати за прволигашка промоција, иако во зимскиот преоден рок остана без голем број првотимци.
Според денешните најави, тимот ќе се обиде да донесе засилувања за пролетта како би се опстојало на амбициите за влез во Првата лига. Што се однесува околу влезот на предвидените инвеститори од Унгарија, тие се очекуваат во месец март. А, во меѓувреме, според најавите, на играчите ќе им бидат исплатени дел од заостанатите плати како би ги почнале подготовките и би продолжиле со амбициите за влез во Првата лига.
Договорени се и три подготвителни натпревари, на 4. февруари против Тетекс, на 8. февруари против Скопје, и на 11. февруари против екипата на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА