Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
„Црвено-црните“ одиграа одлично во есенскиот дел по кој се на врвот на табелата и главна цел е враќања на титулата во своите витрини.
На првата прозивка недостасуваа странските засилувања (Мато, Фустин, Матиќ, Закариќ).
Вардарци ќе тренираат во клупската база до 13 јануари, за кога е планирано заминување во Анталија. Најтрофејниот клуб во Анталија ќе остане до 3. февруари, период во кој треба да одиграат шест пријателски мечеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

