Вардар ги почнува подготовките на „Арената“

Екипата на Вардар денеска ќе ја има првата прозивка и првиот тренинг, додека екипата е во исчекување на добивање на лиценца за настап во прволигашката конкуренција.

„Црвено-црните“ известија дека првата прозивка ќе биде одржана денеска во 18 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.

„Ве известуваме и ве каниме денес во 18:00ч на првата прозивка и тренинг на нашиот Вардар, на Градски Стадион (Северо-источен службен влез).

По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот Македонски фудбалски бренд.

Вардар е клуб на народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот… Повелете, клубот на народот ве очекува“, стои во соопштението од ФК Вардар.

Вардар во следните денови го очекува и консолидација на играчкиот кадар, односно ќе биде познато кои имиња ќе го напуштат клубот, а кои ќе дојдат како засилување, но најпрво треба средување на целосната документација околу настапот во прволигашката конкуренција.

Се вчитува...