Како што информираа денеска од клубот, уште најмалку две сезони „црвено-црниот” дрес на Вардар ќе го носат пивотменот Стојанче Стоилов и десното крило Даниил Шишкарев. Двајцата репрезентативци, едниот на Македонија а другиот на Русија се договорија со клубот за продолжување на соработката до јуни 2020 година.
Во Вардар најмалку уште една сезона ќе останат и голманот Даниел Ѓорѓески и крилото Мартин Поповски. Тие потпишаа договори до јуни 2019 година.
Македонскиот првак во групната фаза од лигата на шампионите ќе игра во Група А, заедно со Монпелје, Кјелце, Рајн Некар, Барселона, Кристијанштад, Мешков и Веспрем.
Во новата сезона во А групата на Лигата на шампионите Вардар ќе почне со гостување во Франција кај актуелниот европски првак Монпелје во средината на септември. Групната фаза ќе ја заврши со дуел повторно со Монпелје на почетокот на март следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА