Официјално, нови членови на Вардар се Муса Раматан и Фахад Бајо. Репрезентативците на Уганда од денеска се ставаат на располагање на „црвено-црните“. Нивните дебија се очекуваат после репрезентативната пауза.
27-годишниот Бајо има искуство од европските фудбалски терени. Беше дел од Вишков од Чешка, Ашдод и Бнеи Сакнин од Израел. Бајо природно игра на позицијата централен напаѓач, но може да игра и како офанзивен играч за врска, односно и како крилен напаѓач. Договорот е потпишан на две години, со можнот за продолжување на уште една.
23-годишниот Раматан игра на позицијата стопер, и претходно настапуваше во Европа и САД. Тој настапуваше за Вишков во Чешка, има настапи и за Синсинати 2. Последен клуб му е Волвало Адиграт Универзитет од Етиопија.
Муса потпиша договор со Вардар на три години, со можност за продолжување на уште една.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

