Вардар ги пушта во продажба билетите за дуелите со Лозана

Вардар успеа да ја мине првата пречка во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, а „црвено-црните“ веќе в четврток ги очекува нов предизвик – домашен дуел против Лозана од Швајцарија.

Управата на Вардар ги пушти во продажба билетите за овој натпревар, кои ќе бидат по цени од 100 до 300 денари.

Првиот натпревар се игра на 24-ти јули во Скопје, на арената „Тодор Проески“ од 20:30 часот. Вториот натпревар ќе се одигра на „Стад де ла Туилиер“, на 31-ви јули од 20:30 часот.

Билетите за мечот во Скопје, може да се купат на следниот ЛИНК.

Се вчитува...