Иако РК Вардар веќе обезбеди пласман во следната фаза од Лигата на Европа, „црвено-црните“ сè уште имаат обврски во групната фаза.
Последен е домашниот дуел против францускиот Тулуз, кој ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“. Клубот денеска објави дека билетите за овој натпревар се пуштени во продажба.
Навивачите можат да ги набават на два начини:
Онлајн, преку платформата TicketX.
И лично на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“, секој работен ден од 10 до 17 часот. Вардар моментално е во одлична серија во Европа и со победа против Тулуз би го зацврстил првото место во групата
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

