Раководството на Вардар веќе работи на формирање на тимот за наредната сезона, чувајќи ги играчите кои импресионираа со добри игри во дресот на „црвено-црните“ од стартот на оваа сезона.
Откако вчера нов договор потпиша Горига, денеска негови стапки тргна и португалскиот голман Мигел Еспиња, кој го стави потписот на новиот двогодишен договор со „црвено-црните“.
„Голманот Мигел Еспиња Фереира (30) ќе го продолжи престојот во Скопје како член на Вардар, до јуни 2027 година. На големо задоволство на двете страни, клубот и Еспиња ги договорија условите за негово останување со што Вардар ќе задржи уште еден важен член во тимот. Актуелниот договор на португалскиот интернационалец беше со важност до крајот на оваа сезона, но се активираше клаузулата за останување уште најмалку две. Еспиња дојде летово во Вардар и заедно со Васил Гогов го сочинуваат голманскиот тандем.
Со искуството што го поседува Еспиња ги потврди квалитетите, и во иднина повторно ќе биде еден од столбовите во клубот. Вардар продолжува со договарање на играчи кои ќе донесат дополнителен квалитет во тимот, и ќе работат на исполнување на клупските цели“, објави РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА