Ракометарите на Вардар стигнаа до триумф од 28-25 на гостувањето во Автокоманда кај Алкалоид. Во меч со многу пресврти, со многу дуели, во еден тврд натпревар, на крајот „црвено-црните“ успеаја да стигнат до важна победа во битката за титулата во Супер-лигата.
Во првото полувреме Вардар главно го имаше водството, но истото не беше повеќе од два гола разлика. Се играше главно гол за гол, а на полувремето „црвено-црните“ ја имаа предноста од 14-13.
На стартот од второто полувреме Вардар повторно имаше предност, меѓутоа од 14-16, Алкалоид стигна до 4-0, и така отиде на +2 гола. Алкалоид држеше водство или мечот беше во егал се до 21-21, кога Вардар одново го презеде водството, и не го испушти до крајот.
Еден од клучните моменти се случи при 24-25 кога Алкалоид беше во напад да израмни, но Георгиевски украде топка, па „црвено-црните“ повторно заминаа на +2 (24-26) на две минути пред крајот на средбата.
Борзаш намали на 25-26, па избраниците на Иван Чупиќ тргнаа во клучен напад на минута и 15 секунди до крајот, па Митровиќ погоди на 30 секунди пред крајот за +2 за гостите. Во последниот напад Георгиевски одново украде топка, и така Вардар стигна до победата, со тоа што постигна гол и во последната секунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






























