Вардар го доби „џек-потот“ на денешната ждрепка во Нион за 1. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
„Црвено-црните“ на стартот од квалификациите ќе се соочат со екипата на Ла Фиорита од Сан Марино.

Силекс ќе игра со екипата на Дечиќ од Црна Гора во 1. квалификацско коло од Конференциската лига на УЕФА, додека Работнички ќе се соочи со Торпедо од Белорусија.

Сите три македонски екипи ќе гостуваат на првите натпревари од стартното квалификациско коло во Конференциската лига. Првите мечеви се играат на 10. јули, а реваншите се на 17. јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

