Вардар го донесе српскиот голман Бомаштар

Вардар постигна договор со српскиот репрезентативен голман Милан Бомаштар (26), кој од следната сезона ќе го засили црвено-црниот состав. Договорот е со важност од почетокот на сезоната 2026/27 и ќе трае две години, информираат од РК Вардар.
Бомаштар е голман со меѓународно искуство и настапи на високо ниво, а во Вардар доаѓа како дел од планот за дополнително зајакнување на голманската линија и зголемување на конкуренцијата во тимот за домашните и европските предизвици.
Во моментов е член на француски Шартр, а зада себе има интернационално искуство и во Шведска кад ебеше дел од Шевде, и од Шпанија каде бранеше за Адемар Леон.
Новиот чувар на мрежата веќе ја истакна својата мотивација и амбиција по договорот со Вардар, потенцирајќи дека соработката со тренерот на голмани Марио Келентриќ ќе биде важен дел од неговиот развој и дека со нетрпение ја очекува атмосферата во „Јане Сандански“.
„Вардар е еден од најдобрите клубови на Балканот и многу сум среќен што ќе бидам дел од таков клуб. Мислам дека ова е чекор повеќе во мојата кариера и дека многу ќе ми значи соработката со Марио Келентриќ, кој е еден од најдобрите тренери на голмани. Со нетрпение ја очекувам можноста да го бранам голот пред фантастичните навивачи на Вардар во салата „Јане Сандански“, познати како едни од најдобрите во Европа. Македонската лига во последните неколку години израсна во една од најјаките лиги на Балканот. Верувам дека со Вардар ќе ги освоиме сите домашни трофеи и дека во Европа ќе се покажеме во најдобро можно светло, изјави Бомаштар.

Се вчитува...