Вардар ја продолжи перфектната низа во Суперлигата со триумф од 36-30 против Бутел во 9. коло, забележувајќи ја деветтата победа.
Скопските тимови одиграа изеднчено прво полувреме по кое резултатот гласеше 19-18, а вардарци го надминаа отпорот на гостите со игра во серии со која стекнаа „комотна“ предност која не ја испуштија до крајот на средбата.
Боно со седум голови од седум обиди беше лидер на Вардар, додека него го следеше Талески со шест голови. Миахјловиќ со осум голови го предводеше Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

